Како можам да ја инсталирам мојата eSIM-картичка преку директна инсталација на мојот уред со iOS?

Може лесно да ја инсталирате вашата eSIM-картичка со само неколку брзи чекори така што ќе изберете Директен метод за инсталација и ќе ги следите чекорите подолу или во нашето видеоупатство:

1. Одете на картичката Мои eSIM-картички на апликацијата Airalo и допрете на Детали.

2. Изберете Инсталирајте eSIM/Пристапете до мобилен интернет.

3. Допрете на ИНСТАЛИРАЈТЕ eSIM најдолу на екранот за да ја отпочнете инсталацијата.

(ВАЖНО: имајте предвид дека штом ќе започне процесот на инсталација, тој не може да се прекине, што значи дека ако се обидете да се вратите на претходниот чекор или да ја затворите апликацијата, веќе нема да може да ја инсталирате истата eSIM-картичка).

4. Допрете на Add Cellular Plan.

5. Додајте етикета на eSIM.

6. Изберете ја претпочитаната стандардна линија за повици или испраќање пораки.

7. Изберете ја претпочитаната линија за користење со iMessage и Facetime.

8. Изберете го вашиот план за eSIM на Airalo како стандардна линија за мобилен интернет и не вклучувајте Allow Cellular Data Switching за да спречите трошоци на вашата друга линија.

9. Изберете ја вашата eSIM-картичка од Airalo под Cellular Plans.

10. Уверете се дека е вклучена опцијата Turn on this line.

11. Одете на Network Selection и изберете ја поддржаната мрежа.

12. Одете на Cellular Data Network и ажурирајте го полето CELLULAR DATA APN според APN наведено на страницата за инсталација* на eSIM и оставете ги останатите полиња празни.

*Ако нема упатства за APN, тоа значи дека не треба да ги менувате поставките за APN.

13. Вклучете го интернетот преку роаминг ако тоа е побарано на страницата за инсталација на eSIM.

Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте со поддршката.

Поврзани прашања

Други теми

Сѐ уште ви треба помош?

Reach out to us and our customer support team will get back to you in a jiffy.
Испратете ни порака
Авторски права Airalo © 2024