Зошто не се активира мојот пакет за надополнување?

Може да ги надополнувате повеќето eSIM-картички откако ќе ви снема интернет или откако ќе ви истече првичниот пакет.

Ако користите eSIM во моментов, вашето надополнување би требало да се активира автоматски.

Меѓутоа, во некои случаи, можеби ќе треба да преземете неколку чекори за да го активирате надополнувањето.

Како да го активирам моето надополнување?

Прво, уверете се дека ги следите упатствата од делот „Пристапете до мобилен интернет“ во апликацијата Airalo.

  1. Одете во Мои eSIM-картички > Детали > Прикажи ги упатствата за соодветната eSIM.
  2. Следете ги упатствата наведени во делот „Пристапете до мобилен интернет“.

Ако правилно сте ги завршиле чекорите, вашиот пакет за надополнување може да се активира автоматски – ако не, може да преземете неколку дополнителни чекори.

Што друго може да направам за да го активирам моето надополнување?

Ако надополнувањето не сака да се активира, а притоа се вклучени точните поставки, обидете се со следново:

  1. Вклучете го авионскиот режим
  2. Рестартувајте го уредот
  3. Исклучете го авионскиот режим

Ова може да му помогне на вашиот уред да се освежи за да се поврзе на мрежа и да се активира надополнувањето.

Ако имате дополнителни прашања или ви е потребна дополнителна помош, обратете се до нашиот тим за поддршка — достапни сме деноноќно и секогаш со задоволство ќе ви помогнеме.

Поврзани прашања

Други теми

Авторски права Airalo © 2021
  • x