Airalo | About Airalo image

За Airalo

Дали некогаш сте добиле огромна сметка за роаминг по патување во странство? Дали некогаш ви снемало телефонска услуга или поврзување додека патувате и сте се нашле во очајна потрага по бесплатна Wi-Fi? Дали сте потрошиле време нервозно барајќи продавач на SIM-картички на аеродромот? Ги имаме доживеано сите овие работи и затоа ја создадовме Airalo.

За Airalo

Решението за eSIM

Airalo е првата продавница за eSIM-картички во светот којашто ве спасува од високите сметки за роаминг така што ви дава пристап до eSIM-картички (дигитални SIM-картички). Со eSIM-картичките од Airalo, преземете и инсталирајте дигитален пакет со мобилен интернет од над 200 земји/региони и бидете поврзани каде било во светот веднаш штом ќе слетате.

Решението за eSIM

Нашата мисија

Мисијата на Airalo е да овозможи глобално поврзување со мобилен интернет за сите патници. Тука сме да ве ослободиме од ограничувањата на роамингот и да го поправиме она што одамна е расипано.

Ја цениме различноста, вклученоста и еднаквоста. Нашиот тим е распространет во над 44 земји и шест континенти, а она што нè спојува е нашата посветеност да го промениме начинот на кој се поврзувате.

Нашата мисија

Забавни факти

корисници

над 5 милиони

(август 2023 г.)

2019

Година на основање

Покриеност во

200 земји

и региони

Серија А

5,4 милиони долари

Серија Б

60 милиони долари

Влијание

Како глобална организација, Airalo се обиде да влијае и да го подобри животот на што е можно повеќе луѓе. Вклучени сме во иницијативи како што е „Чиста вода“ во Камерун, соработуваме со Children International за да спонзорираме деца во земјите во развој и организираме разни фондови за помош во Украина, Мјанмар и Австралија.

Влијание

Вредности

Airalo е организација што ја цени различноста, вклученоста и еднаквоста. Како меѓународна организација којашто се протега на повеќе континенти, со различно потекло и уникатни искуства, нашата цел за глобално поврзување за сите е нешто кон кое се стремиме секој ден.

Вредности

Основачи

Abraham Burak - Коосновач и главен оперативен директор на Airalo

Abraham Burak

Коосновач и главен оперативен директор на Airalo

Ahmet Bahadır Özdemir - Коосновач и главен извршен директор на Airalo

Ahmet Bahadır Özdemir

Коосновач и главен извршен директор на Airalo

Тим

Дојдете запознајте го тимот на Airalo! Нашиот тим постојано расте во нашите главни центри во Сингапур, Истанбул и Торонто. Имаме колеги низ целиот свет коишто прават Airalo да биде неверојатна организација. 

Тим

над 200

Големина на тимот

Над 44

земји

6

континенти

Стапете во контакт

Стапете во контакт

Работите на статија? Контактирајте со нас!

КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАШИОТ ТИМ ЗА МЕДИУМИ