Сѐ што треба да знаете за начинот на функционирање на eSIM-картичките

Да се остане поврзан додека сте во странство е долгогодишен предизвик за патниците. Почнувајќи од предизвикот за купување локална SIM-картичка, па сѐ до справувањето со домашните оператори коишто сакаат прескапо да ви наплатат за меѓународна услуга, се чинеше дека нема добро решение на повидок.

Но, сепак има едно. Всушност, eSIM-картичките постојат веќе неколку години, но тукушто го добиваат вниманието што го заслужуваат.

Дали некогаш сте се запрашале како функционира eSIM-картичката? Добри вести!

Еве сè што треба да знаете за оваа прекрасна технологија која го поедноставува патувањето и ве одржува поврзани додека сте во движење.

 

Што е тоа eSIM-картичка и зошто е важна?

Сите телефони имаат потреба од SIM-картичка за пристап до мобилни интернет и мобилна услуга. Во повеќето случаи, корисниците мора физички да го стават овој деликатен хардвер во фиока и да го вметнат во својот телефон. (Ако користите стар телефон, можеби сепак ќе треба да го отворите задниот дел и да ја лизнете во држачот.)

Ја знаете постапката. Постапката на постојано менување на SIM-картичката од еден на друг телефон или префрлањето од една на друга SIM-картичка може да биде многу досадна.

Спротивно на тоа, eSIM-картичката е вградена SIM-картичка – мал чип што е залепен директно на колото на телефонот. Многу понови телефони ја имаат заедно со традиционалната фиока за SIM-картичка.

eSIM-картичката има неколку предности во однос на традиционалните SIM-картички. На пример:

  • Може да складирате повеќе планови за мобилен интернет за eSIM: не сте ограничени на само една претплата како со физичка картичка.
  • Овозможува телефоните да станат помоќни: eSIM-картичката зафаќа многу помалку простор од SIM-картичката со фиоката на лизгање. Една од причините зошто тие станаа популарни е можноста што им ја даваат на производителите да ја зголемат големината на другите компоненти, како што е батеријата.
  • Нема веќе да се занимавате со хардверските компоненти: за среќа, кај поновите телефони веќе нема потреба да ги отворате задните делови и да ги изложувате компонентите на временските услови. Уште подобро, eSIM-картичката ве спасува од маката да најдете спојница што одговара на отворот на фиоката за да ја отворите.
     

Како функционира eSIM-картичката?

Ако eSIM-картичката е всушност физичка SIM-картичка што станала дигитална, тогаш дали eSIM-картичката функционира исто?

Честопати ни го поставуваат тоа прашање. А краткиот одговор е: да.

Сите телефони компатибилни со eSIM имаат опција во „Поставки“ за додавање план за мобилен интернет. (Еве ги конкретните упатства за уредите iPhone.) При купувањето план за мобилен интернет од продавницата на Airalo, ќе може да ја инсталирате eSIM-картичката директно од апликацијата, преку QR-код или со рачно внесување на вашите информации за eSIM-картичката. По неколку секунди добивате план со одредена количина мобилен интернет за дадено време (во зависност од вашиот пакет).

Треба да знаете:

  • Планот за мобилен интернет е целосно одделен од вашиот редовен оператор: нема превисоки меѓународни трошоци за мобилен интернет, а може да продолжите да го користите вашиот телефонски број.
  • eSIM-картичката се поврзува со локални мрежи: eSIM-картичките од Airalo работат во над 200 земји, што го прави брзиот мобилен интернет подостапен од кога било.
  • Airalo се користи без договор, а планот за мобилен интернет за eSIM може да го обновите во секое време: потребни се помалку од пет минути за да се надополни план или да се смени еден план за друг.

Дали двојната SIM-картичка е исто што и eSIM-картичка?

Не баш.

Двојната SIM-картичка едноставно значи дека телефонот може да поддржува повеќе SIM-картички. Меѓутоа, тоа не значи дека секундарната SIM-картичка е eSIM-картичка. Многу телефони поддржуваат двојна SIM-картичка, но не и eSIM-картичка. Тие имаат два физички отвора за SIM-картички – нив може лесно да ги забележите во фиоката.

Некои телефони со двојна SIM-картичка поддржуваат SIM-картичка и eSIM-картичка или пак две eSIM-картички одеднаш.

Кои телефони може да користат eSIM-картичка?

Иако постојано се ажурира, секогаш може да го разгледате нашиот список со уреди компатибилни со eSIM.

(Еве го нашето мислење за најдобрите 12 телефони што може да користат eSIM.)

Каде може (и каде не може) да се користи eSIM-картичка?

Во моментов, може да добиете планови за eSIM за над 200 земји и региони од продавницата на Airalo. eSIM-картичките генерално се поддржани од главните мрежни оператори во повеќето европски земји, како и комерцијалните центри како што се Канада, Хонгконг, Индија, Катар, Сингапур, Тајван и САД.

Има добри шанси дека ќе има достапен план за мобилен интернет за eSIM секаде каде што ќе патувате.

Може да користите eSIM-картичка и од вашиот постоен оператор. Во повеќето случаи, тоа би било слично како да нарачате замена за вашата физичка SIM-картичка. Ќе треба да контактирате со вашиот оператор или, во некои случаи, да отидете во физичка продавница, така што ова дефинитивно ќе ви одземе малку време.

Авантурата нема граници – ниту мобилниот интернет со Airalo

Наједноставно ви објаснивме како функционираат eSIM-картичките. Само запомнете дека тие всушност се физички SIM-картички што станале дигитални. Тие се чип залепен на колото на вашиот телефон и никогаш нема да ги изгубите. Освен тоа, ќе може да складирате повеќе од една. Тоа значи дека ќе уживате во пристапот до локални планови за мобилен интернет (речиси) секаде каде што одите.

Тоа е решение погодно за сите и брзо станува главен производ за честите патници. Истражете гиплановите за eSIM на Airalo овде.


Дали сте спремни да ги пробате eSIM-картичките и да го промените начинот на кој останувате поврзани?

Преземете ја апликацијата Airalo за да купувате eSIM-картички, да управувате со нив и да ги надополнувате секогаш и секаде!

Airalo | Download mobile app
Airalo | Use your Free Credit

Искористете го бесплатниот кредит.

Може да заработите кредити од 3 USD Airmoney ако го споделите кодот за препорака со пријателите.