Како да патувате без надоместоци за роаминг

Надоместоци за роаминг...

Тие се омиленото тајно оружје на домашните оператори. Ако го користите телефон во странство, ризикувате да платите високи тарифи без разлика колку мислите дека сте внимателни.

Повеќето патници доживеала непријатно искуство со телефонска сметка што е неколку стотици долари повисока од очекуваното. Сите ние сме ги слушнале страшните приказни за неочекуваните трошоци за роаминг.

За среќа, постојат неколку чекори што може да ги преземете за да заштедите на надоместоците за роаминг во текот на патувањето.

Без разлика дали одите во странство на подолг период или патувате преку граница само за викенд за да се видите со вашето семејство, еве четири стратегии што ќе ви помогнат дома да не ве пречека неочекувана телефонска сметка кога ќе се вратите.

Четири стратегии како да заштедите на надоместоците за роаминг додека патувате

Нема да може да се пожалите на висината на телефонската сметка ако заборавите да го исклучите мобилниот интернет пред да тргнете на патување.

Ако одите во странство, постојат неколку начини како да заштедите на надоместоците за роаминг во текот на патувањето. Не постои само еден правилен пристап, па затоа еве четири стратегии што треба да ги земете предвид. Секоја од нив има свои предности, затоа добро размислете што ќе опфаќа вашето следно патување.

1. Однапред проверете ги опциите кај вашиот оператор

Пред да тргнете на патувањето, проверете ги опциите за меѓународен мобилен интернет кај вашиот оператор. Некои оператори нудат бесплатен мобилен интернет. Тоа честопати не се најевтините телефонски планови, но може да вредат ако секогаш сте во движење.

Исто така, некои оператори нудат бесплатен меѓународен мобилен интернет за одредени земји или бесплатен мобилен интернет на глобално ниво, но со брзина од 2G. Ако ова е прифатливо за вас, вреди да размислите.

Конечно, некои може да ви понудат планови за мобилен интернет за кратки периоди. Тарифите може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или времетраењето, па затоа убаво распрашајте се за сѐ.

2. Потпрете се на локалната Wi-Fi мрежа

Многу патници се одлучуваат целосно да се откажат од мобилниот интернет, потпирајќи се на точките на пристап на Wi-Fi мрежи во областа. Ова е стар трик за штедење којшто функционира доста добро во многу урбани средини. Меѓутоа, ова е тешко остварливо во руралните или оддалечените места.

За да се потпрете на локалната Wi-Fi мрежа треба целосно да го оневозможите мобилниот интернет. Ова значи исклучување на мобилниот интернет во поставките. Не потпирајте се на авионскиот режим бидејќи услугите може сѐ уште да се извршуваат во заднина и да трошат мобилен интернет.

За дополнителна безбедност, многу луѓе ги отстрануваат SIM-картичките од телефоните. Во тој случај, ќе ви треба безбедно место за нејзино чување.

Без мобилен интернет, вашиот телефон сепак ќе работи добро на Wi-Fi. Освен тоа, услугите за итни случаи ќе останат активни. Исто така, ќе може да користите GPS ако сте ги презеле локалните карти од „Карти на Google“. Искористете го ова бидејќи ќе ви помогне да се движите наоколу. После тоа:

  • Побарајте кафулиња што рекламираат бесплатна Wi-Fi мрежа.
  • Дознајте дали може да пристапите до бесплатна Wi-Fi мрежа во градските библиотеки или другите општински згради.
  • Размислете да се зачлените во заеднички работен простор ако сте хонорарец.
  • Бидете внимателни кога пристапувате до Wi-Fi мрежи со сомнителен изглед, особено отворени мрежи во чудни области.

3. Купете локална SIM-картичка

Локалните SIM-картички се уште еден трик што многу искусни патници го користат додека се во странство. Купете SIM-картичка кога ќе пристигнете и ставете ја во телефонот. Ќе добиете локален број, како и пристап до мобилен интернет на локалните мрежи. Ако го направите правилно, ова може да биде евтин и лесен метод за да останете поврзани во текот на патувањето.

Се разбира, ако ви звучи премногу лесно или добро за да биде вистина, тоа е затоа што понекогаш е така. Иако најчесто ќе купите локална SIM-картичка без проблем, многу е лесно работите да тргнат наопаку при ваквите купувања. На пример:

  • Можеби ќе купите SIM-картичка што не го нуди она што се рекламира.
  • Можеби ќе ви се наплати премногу.
  • Можеби ненамерно ќе купите погрешен тип картичка за вашиот телефон.

Веројатноста овие проблеми да се појават е поголема кога има јазична препрека или кога купувате од неовластен продавач.

4. Купете eSIM

Конечно, дали имате уред компатибилен со eSIM?

eSIM значи вградена SIM-картичка. Тоа е мал чип залепен на колото на вашиот телефон. За да ја користите, преземете пакет со мобилен интернет од оператор или од продавница. Откако ќе се активира, ќе имате инстант мобилен интернет и поврзување.

Има многу придобивки од користењето eSIM-картички, вклучително брзината и практичноста. Исто така, може да преземете повеќе пакети со мобилен интернет и да ги сменувате по потреба додека сте во движење. Бидејќи повеќето продавници се партнери со оператори, ќе имате пристап до плановите за мобилен интернет по локални цени, а тоа го прави користењето eSIM-картички исплатлива опција.

Друга добра работа при користењето eSIM-картичка е тоа што многу телефони може да користат двојна SIM-картичка со неа. Ова значи дека не треба да ја извадите домашната SIM-картичка од телефонот. Наместо тоа, едноставно ќе го исклучите мобилниот интернет за таа SIM-картичка, а потоа ќе продолжите нормално да ја користите за повици и пораки, притоа користејќи го пакетот со мобилен интернет на eSIM-картичката. Бидејќи операторите честопати нудат евтини меѓународни пораки и повици, ова е одличен начин да заштедите на надоместоците за роаминг во текот на патувањето. Освен тоа, можеби ќе треба да го користите вашиот редовен број за автентикации.

Со Airalo, заштедете на надоместоци за роаминг додека патувате

Надоместоците за роаминг може да бидат неверојатно скапи, но не мора да ги плаќате секој пат кога патувате. Разгледавме неколку стратегии што може да ги примените за да заштедите на надоместоците за роаминг во текот на патувањето, а сепак да го одржите нивото на поврзаност што ви треба додека сте во странство.

Може да се потпрете на точки на пристап на Wi-Fi мрежи или да купите една или неколку eSIM-картички – има толку многу начини како да останете поврзани колку што има начини за патување во странство. Не заплеткувајте се во скапи планови за мобилен интернет или не поминувајте го одморот грижејќи се за висината на телефонската сметка што ќе ве пречека дома. Наместо тоа, употребете еден или сите овие трикови за патување и уживајте во авантурата.

Разгледајте ја продавницата на Airalo сега за да ги откриете најприфатливите планови за eSIM-картички.


Дали сте спремни да ги пробате eSIM-картичките и да го промените начинот на кој останувате поврзани?

Преземете ја апликацијата Airalo за да купувате eSIM-картички, да управувате со нив и да ги надополнувате секогаш и секаде!

Airalo | Download mobile app
Airalo | Use your Free Credit

Искористете го бесплатниот кредит.

Може да заработите кредити од 3 USD Airmoney ако го споделите кодот за препорака со пријателите.