Соопштение за печат: Airalo собра 60 милиони долари во финансирање од Серија Б

Airalo cofounders

ДЕЛАВЕР, САД – Airalo, предводник меѓу продавниците за eSIM-картички, којашто го преобразува глобалното поврзување, денеска го објави успешното завршување на својата рунда за финансирање од Серија Б, при што собра импресивни 60 милиони долари. Со оваа рунда, предводена од e& capital, инвестицискиот огранок на e&, глобалната технолошка групација, вкупното финансирање на Airalo изнесува 67,3 милиони долари. Antler Elevate, Liberty Global, Orange, T.Capital, Rakuten Capital, Singtel Innov8, Telefónica Ventures, Sequoia Capital India и Surge од SEA (сега позната како Peak XV Partners), KPN Ventures и I2BF Global Ventures беа меѓу престижната група инвеститори што исто така учествуваа. Овој разновиден конзорциум на инвеститори е одраз на признанието низ целата индустрија за трансформативната работа на Airalo за овозможување достапно и прифатливо глобално поврзување на патниците низ целиот свет.

Оваа значајна инјекција од капитал ќе ги поттикне плановите за раст на Airalo, вклучително и проширување на енергичната заедница од милиони корисници, засилување на глобалниот тим и воведување на Airalo Partners – иновативно решение за поврзување приспособено за бизнисите и организациите низ целиот свет. Комбинирајќи ги врвната технологија и пристапот во чие средиште е корисникот, Airalo продолжува да им дава можности за непречен пристап до мобилните мрежи на патниците, трансформирајќи ги нивните патувања во незаборавни доживувања.

Коосновачите Абрахам Бурак и Бахадир Оздемир ја изразија својата благодарност за напредокот на компанијата и постојаната поддршка на нејзината растечка мрежа на инвеститори, велејќи: „Во текот на изминатите години, Airalo им ги олесни проблемите и им го подобри искуството на милиони патници, обезбедувајќи многу прифатливо и достапно поврзување низ целиот свет. Овој нов конзорциум на инвеститори дополнително ќе ни помогне во нашата потрага да изградиме порта за инстант поврзување низ целиот свет.“

Од своето основање во 2019 година, Airalo остана непоколеблива во својата мисија да го демократизира глобалното поврзување, правејќи го достапно и прифатливо за патниците низ целиот свет. Продавницата на Airalo, позната како најголемата платформа за eSIM-картички во светот, им дава можности за практичен пристап до пакетите за eSIM (дигитална SIM) на корисниците, овозможувајќи им непречено да се поврзат со мобилни мрежи на стотици дестинации низ целиот свет.

Со покриеност што се протега во над 200 земји и региони, исклучителните услуги на Airalo ја придобија довербата на милиони корисници низ целиот свет. Пристапот на компанијата за давање предност на работењето оддалеку помогна да се создаде разновиден и талентиран тим од над 250 професионалци што потекнуваат од 44 земји и шест континенти. Овој посветен тим вклучува екипа за глобални партнерства, којашто одржува силна соработка со бизниси и организации низ целиот свет. Доказ за нејзината глобална привлечност е фактот дека веб-локацијата и апликацијата на Airalo се достапни на 22 јазици, со план за проширување за да се понуди поддршка на 53 јазици во блиска иднина. Апликацијата Airalo моментално може да се пофали со извонредна оцена од 4,7 ѕвезди на App Store и 4,6 ѕвезди на Google Play Store, а притоа е број 1 апликација за патувања во продавниците за мобилни апликации во повеќе земји, што дополнително го потврдува задоволството на нејзините корисници.

Со оглед на успешната рунда за финансирање, e& capital го сподели својот ентузијазам за здружувањето на силите со Airalo. „Мило ни е што ја предводиме рундата за финансирање од Серија Б за Airalo, компанија што многу напредуваше во изминатите 18 месеци и чијашто цел е обезбедување исклучително корисничко искуство. Имаме целосна доверба во способноста на Airalo да ја прошири својата заедница на корисници, да го зајакне својот разновиден тим и да го претстави својот најнов производ Airalo Partners, иновативно решение за поврзување на глобалните бизниси и организации. Веруваме дека Airalo има потенцијал да стане неопходен придружник за патување и возбудени сме да ја поддржиме на нејзиниот пат кон тоа да стане неоспорна порта за инстант поврзување низ целиот свет.“ – рече Кушал Шах, управен директор, e& capital.

Извонредната траекторија на раст и непоколебливата посветеност на Airalo за трансформирање на искуството при патувањето ja позиционираа како пионер и неопходен придружник за патување. Со инфузијата на нов капитал и стратешки партнерства, Airalo е подготвена да го забрза своето проширување за да се увери дека патниците низ целиот свет може да останат непречено поврзани, без разлика на нивната дестинација.

За прашања од медиумите, контактирајте нѐ на [email protected]

За Airalo

Airalo, основана во 2019 година од Бахадир Оздемир и Абрахам Бурак, е првата и најголема продавница за eSIM-картички во светот. Платформата нуди пакети за eSIM за над 200 земји и региони, овозможувајќи им на патниците веднаш да се поврзат на мобилните мрежи на нивната дестинација. Со милиони корисници и глобален тим што опфаќа 44 земји, Airalo го преобразува глобалното поврзување и им дава можности на патници низ целиот свет. 

За да дознаете повеќе за Airalo, одете на www.airalo.com.

За e& capital

e& capital е инвестицискиот столб на е& којшто инвестира во идеи и луѓе што ќе изградат подобра и посветла дигитална иднина. Ги поддржува визионерските технолошки бизниси, помагајќи им да растат и овозможувајќи значаен напредок што го движи овој свет напред.

e& capital инвестира во нови компании што се осмелуваат да го нарушат и да му се спротивстават на постојниот поредок на нештата, бидејќи веруваат во нешто подобро. Соработува со храбри претприемачи за да ги претвори нивните големи идеи во водечки бизниси на утрешнината. 

За да дознаете повеќе за e& capital, одете на https://eand.com/en/capital.jsp


Дали сте спремни да ги пробате eSIM-картичките и да го промените начинот на кој останувате поврзани?

Преземете ја апликацијата Airalo за да купувате eSIM-картички, да управувате со нив и да ги надополнувате секогаш и секаде!

Airalo | Download mobile app
Airalo | Use your Free Credit

Искористете го бесплатниот кредит.

Може да заработите кредити од 3 USD Airmoney ако го споделите кодот за препорака со пријателите.