Одредби и услови

ОПШТИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

Датум на стапување во сила: 3 јуни 2024 година

1. ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

Следниве Одредби и услови ќе важат за сите услуги што ги дава AIRGSM PTE. LTD., во понатамошниот текст Airalo, во врска со препродажбата на припејд eSIM-картички. Следниве Одредби и услови се наведени на веб-локацијата https://www.airalo.com. Airalo може да прифати варијантни клаузули само во случај на изречен писмен договор. Овој дел дефинира различни категории на поединци и субјекти коишто имаат интеракција со услугите, платформите и апликациите на Airalo. Разбирањето на овие улоги е клучно за толкување на правата, обврските и условите опишани во овие Одредби и услови (ОиУ).

  • Крајни корисници: поединци коишто ги користат и имаат интеракција директно со услугите преку нивната сметка на Airalo за нивна лична употреба.
  • Деловни корисници: Airalo обезбедува услуги на субјекти („Деловни корисници“) што директно и индиректно ни ги обезбедуваат личните информации на крајните клиенти во врска сопственото деловно работење и активности на тие деловни корисници.
  • Крајни клиенти: поединци коишто добиваат услуги нарачани од други сопственици на сметки на Airalo, на пример, кога соработувате со или поинаку вршите трансакции со деловен корисник.
  • Кандидати за вработување: поединци коишто поднесуваат пријава за вработување во Airalo.

Терминот „Клиент“ како што се користи во овој документ ќе се однесува на кој било поединец или субјект што има интеракција со услугите на Airalo, вклучувајќи ги крајните корисници, деловните корисници и крајните клиенти, како што е применливо врз основа на контекстот на користењето. Оваа широка дефиниција осигурува дека нашите ОиУ ги опфаќаат сите интеракции со нашите услуги, обезбедувајќи јасно и сеопфатно разбирање на правата и одговорностите на сите вклучени страни.

2. ОПИС НА УСЛУГИТЕ

2.1. ПРЕПРОДАЖБА НА eSIM-КАРТИЧКИ

Airalo препродава припејд eSIM-картички. Клиентот се регистрира и купува eSIM-картички на веб-локацијата на Airalo (https://www.airalo.com) и/или на апликацијата Airalo.

2.2. РЕГИСТРАЦИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА AIRALO

Сите клиенти, вклучувајќи ги крајните корисници, деловните корисници, крајните клиенти и кандидатите за вработување како што е дефинирано во дел 1, мора да ги прифатат Општите одредби и услови за користење на услугите на Airalo. За време на процесот на регистрација, мора да се обезбедат следните информации:

  • За крајни корисници: потребни се лични информации како што се име, презиме и адреса на е-пошта за директни интеракции и трансакции на веб-страницата на Airalo (https://www.airalo.com) или преку апликацијата Airalo.
  • За деловни корисници: потребни се дополнителни информации за да се исполнат уникатните потреби на бизнисите. Ова ги вклучува името на компанијата, адресата на компанијата, адресите на е-пошта на корисниците на компанијата, веб-локацијата на компанијата, регионот, индустријата, телефонскиот број, релевантните контакти и други релевантни детали. Овие информации помагаат во приспособувањето на нашите услуги за да одговараат подобро на оперативните барања и доставувањето на услугите до нивните крајни клиенти.
  • За крајни клиенти: кога услугите се нарачани од друг сопственик на сметка на Airalo, како што е деловен корисник, со потребните информации за олеснување на оваа трансакција постапува страната што е иницијатор. Деловните корисници се одговорни да се осигурат дека личните информации на крајните клиенти се собираат во согласност со важечките прописи за заштита на податоците.

Во случаи кога услугите на Airalo се обезбедуваат преку посредници (на пр., хотели или туристички агенции), посредникот може да ги обезбеди потребните информации за регистрација во име на клиентот.

За да се приспособи на барањата за услуги што се развиваат и да го подобри корисничкото искуство, Airalo го задржува правото да собира дополнителни информации од сите категории на клиенти доколку смета дека е неопходно. Оваа собирање дополнителни информации ќе се спроведува на начин што ја почитува приватноста и ќе се придржува на законите за заштита на податоците, без да има потреба од дополнителни промени на овие Одредби и услови. Клиентите ќе бидат соодветно информирани за собирање такви дополнителни информации преку нашите стандардни комуникациски канали.

2.3. ИНТЕРАКЦИИ СО AIRALO

Airalo ќе направи разумни напори за да обезбеди квалитетна услуга за клиентите. Сепак, Airalo не гарантира дека услугата нема да биде прекината, дека ќе биде обезбедена навреме и дека ќе биде безбедна или без грешки.

2.4. ИНТЕРАКЦИИ СО КЛИЕНТИТЕ

При користење на опремата или услугите обезбедени од Airalo, клиентот не смее да се вклучи во никакво дејство што е злоупотребливо, незаконско или измамничко, што предизвикува мрежата да биде засегната или оштетена. Кога Клиентот ќе ги прекрши своите обврски од делот 2.4. Airalo може да го прекине користењето на услугата за клиентот. Во текот на периодот на прекин, клиентот ќе продолжи да ги плаќа сите достасани трошоци според овој договор за прекинатите услуги.

2.5. КОМПАТИБИЛНОСТ НА УРЕД

Клиентот е одговорен да се осигури дека неговиот уред е компатибилен со eSIM и отклучен за секоја мрежа. Компатибилноста на уредот може да зависи од операторот и земјата на потекло, а клиентот мора да го провери списокот со уреди компатибилни со eSIM што е обезбеден при наплатата. Со штиклирање на полето што потврдува дека уредот на клиентот е компатибилен со eSIM, клиентот потоа се смета одговорен за точноста на информациите што ги обезбедува. 

Списокот за компатибилност со eSIM не е сеопфатен, што значи дека можеби ќе треба да се додадат уште новонајавени уреди компатибилни со eSIM.

3. ПОЧЕТОК, ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ

Договорот за услуги помеѓу Airalo и клиентот започнува по завршувањето на нарачката на веб-локацијата на Airalo (https://www.airalo.com, вклучувајќи ги и поддомените поврзани со Airalo), преку апликацијата Airalo, преку нашите API, на Платформата за партнери или преку некој друг производ обезбеден од Airalo што им овозможува на клиентите да направат нарачка.

 Активирањето на eSIM-картичката и прифаќањето на Политиката за активирање е одговорност на клиентот. 

Договорот со крајните корисници ќе престане ако немаат активен пакет за мобилен интернет или ако ја избришале eSIM-картичката од целниот уред. Меѓутоа, за деловните корисници, престанокот на договорот подлежи на условите на конкретен договор потпишан помеѓу деловниот корисник и Airalo или нивниот активен статус на Платформата за партнери. За деловните корисници со такви договори или активно учество на платформата, договорот останува во сила дури и во отсуство на активен пакет за мобилен интернет или ако eSIM-картичката е избришана од уредот, што го одразува тековното партнерство и обврските меѓу Airalo и деловниот корисник.

4. ТРОШОЦИ И ПЛАЌАЊЕ

4.1. УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

Airalo нуди различни начини на плаќање за своите услуги, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на кредитна/дебитна картичка, PayPal, Google Pay, Apple Pay и Alipay. 

Главната валута за плаќањето е USD ($), но може да се користат и разни други валути, а валутата за плаќањето се одредува во текот на трансакцијата. 

Трансакцијата со кредитна картичка ќе ја обработат и обезбедат даватели на платежни услуги одобрени од Airalo, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на PayPal (https://paypal.com/) и Stripe (https://stripe.com/), како и дополнителни даватели избрани од Airalo за секоја трансакција.

4.1.1. Автоматски обновувања за крајните корисници

Покрај нашите постојни опции за плаќање, Airalo нуди континуиран пристап до нашите услуги без потреба од рачно обновување. Овој модел е наменет за крајните корисници коишто сакаат непречена услуга и практичност. 

Автоматски наплати: според овој модел, надоместоците за обновување ќе се наплаќаат автоматски од претпочитаниот начин на плаќање на крајниот корисник кога достапниот мобилен интернет ќе биде под одреден праг на почетокот на секој платежен циклус. 

Политика за откажување: крајните корисници може да го откажат своето обновување во секое време. Откажувањето ќе стапи во сила на крајот на тековниот циклус на наплата, овозможувајќи им на корисниците да продолжат да пристапуваат до услугата додека не заврши циклусот. За да откажат, корисниците може да управуваат со своите поставки директно во својата сметка на Airalo или да контактираат со нашиот тим за поддршка за помош.

4.2. ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

4.2.1. Airalo изјавува дека сите трошоци се со вклучен ДДВ, освен ако не е поинаку наведено. Сите цени и надоместоци за купување eSIM-картички од деловни корисници на платформата на Airalo не вклучуваат важечки даноци, освен ако не е поинаку наведено. Деловните корисници се одговорни за утврдување и покривање на сите даноци поврзани со нивното купување на eSIM-картички од Airalo.

4.2.2. Клиентот нема право да компензира некое од своите побарувања со побарувања што ги има од Airalo, освен кога побарувањата на клиентот се неоспорени или се потврдени со правосилна судска пресуда.

4.2.3. Фактурирање

Airalo имплементира систематски пристап за наплата од деловните корисници со користење кредити на Airalo, коишто се користат за набавување eSIM-картички, надополнувања и други производи и услуги на Airalo преку Платформата за партнери. Овој процес е днаменет да обезбеди јасност и одговорност во финансиските трансакции меѓу Airalo и неговите деловни корисници.

  • 4.2.3.1. Издавање фактури: Airalo им издава фактури на деловните корисници со детали за кредитите на Airalo потрошени за купување пакети со eSIM и пакети за надополнување во рамките на конкретен период на наплата. Овие фактури обезбедуваат сеопфатен преглед на настанатите трошоци, овозможувајќи им на деловните корисници ефективно да ги следат и да управуваат со своите трошоци.
  • 4.2.3.2. Обврски за плаќање: по приемот на фактура, од клиентите се бара да ги исполнат своите обврски за плаќање во роковите предвидени на фактурата. Неопходно е деловните корисници да се придржуваат до овие временски рамки за да си обезбедат непречен пристап до услугите на Airalo и да одржат позитивен рејтинг во рамките на Платформата за партнери на Airalo.
  • 4.2.3.3. Последици од задоцнето плаќање:
    • Прекинување на услугата: во случај деловниот корисник да не успее да подмири фактура во одредената временска рамка, Airalo го задржува правото привремено да го прекине обезбедувањето на услугите додека не го прими плаќањето во целост. Оваа мерка се презема за да се обезбеди одржливост на нашите услуги и правичност на нашиот систем за наплата.
    • Камата и штети: дополнително, Airalo може да наметне камата на задоцнетите износи по стапката одредена во фактурата или како што е дозволено со закон. Деловните корисници може да бидат одговорни и за какви било штети или дополнителни трошоци настанати кај Airalo како резултат на задоцнето плаќање. Ова вклучува, но не е ограничено на административни трошоци и правни надоместоци поврзани со наплата на долговите.
  • 4.2.3.4. Фактурите претежно се издаваат во USD. Меѓутоа, Airalo го задржува правото да издава фактури во други валути ако смета дека е неопходно или како што е меѓусебно договорено со деловниот корисник.

Airalo ја нагласува важноста на навремените плаќања за одржување здрави деловни односи и континуитетот во обезбедувањето услуги. Ги повикуваме деловните корисници веднаш да комуницираат со нашиот тим за поддршка во случај на некакви несовпаѓања при наплатата или тешкотии со плаќањето за да се најде заемно прифатливо решение.

4.2.4. Припејд трансакции за деловни корисници

Деловните корисници се вклучени во единствен трансакциски процес на платформата на Airalo, којшто е насочен кон купувањето кредити на Airalo. Овие кредити служат како валута во рамките на платформата, овозможувајќи им на деловните корисници да набавуваат eSIM-картички и услуги за надополнување приспособени на нивните оперативни потреби. Деловните корисници може да изберат да користат и кредитни или дебитни картички за купувањата направени на Платформата за партнери.

  • 4.2.4.1. Купување кредити на Airalo: првичниот чекор за деловните корисници е набавувањето кредити на Airalo. Овој процес е наменет да биде јасен и флексибилен, нудејќи различни начини на плаќање за да одговараат на различни деловни барања. Овие начини вклучуваат, но не се ограничени на кредитни/дебитни картички, банкарски преноси и решенија за електронско плаќање, обезбедувајќи широк спектар на опции за да се задоволат различните финансиски претпочитања на нашата деловна клиентела.
  • 4.2.4.2. Користење на кредити на Airalo: откако ќе додадат кредитите на Airalo на нивната сметка, деловните корисници може непречено да ги користат овие кредити за да купуваат eSIM-картички, надополнувања и други производи и услуги на Airalo. Со користењето систем базиран на кредити, деловните корисници може да ги планираат и распределат своите трошоци за телекомуникациски услуги според нивните конкретни деловни циклуси и барања.

За понатамошни детали за купување и користење кредити на Airalo или за истражување на најсоодветните начини на плаќање за вашиот бизнис, ги охрабруваме деловните корисници да ја посетат Платформата за партнери на Airalo или да контактираат со нашиот посебен тим за поддршка.

4.2.5. Постпејд трансакции за деловни корисници

Постпејд трансакциите претставуваат флексибилен модел на плаќање приспособен на деловните корисници, којшто нуди практичност за добивање пакети со eSIM и пакети за надополнување пред плаќањето. Овој пристап се усогласува со потребите на бизнисите коишто сакаат оперативна флексибилност и ефикасност во управувањето со нивните решенија за поврзување.
Постпејд трансакцијата им овозможува на деловните корисници да добиваат eSIM, надополнувања и други производи и услуги на Airalo, а обврската за плаќање ќе биде на подоцнежен датум. Карактеристиките на овој договор за плаќање, вклучувајќи го датумот на достасување и условите за плаќање, се јасно наведени во фактурата обезбедена од Airalo. Овој метод го олеснува моменталниот пристап до потребните услуги и истовремено обезбедува флексибилност при плаќањето.

  • 4.2.5.1. Систем за кредитно ограничување: за да го поддржи овој модел, Airalo може да имплементира систем за кредитно ограничување. Овој систем ги овластува деловните корисници да користат кредит за купување eSIM-картички, надополнувања и други производи и услуги на Airalo до однапред одреден износ. Овие кредитни ограничувања може да се утврдат еднострано од Airalo или за нив да се преговара со деловниот корисник, во зависност од условите на договорот. Оваа функција е наменета да им понуди начин да ги задоволат своите потреби за поврзување на бизнисите, со којшто може да управуваат и да го приспособуваат, без моментални финансиски издатоци.
  • 4.2.5.2. Критериуми за подобност: важно е да се напомене дека сите деловни корисници автоматски не се квалификуваат за постпејд опции за плаќање. Airalo го задржува правото да избере подобни клиенти врз основа на различни критериуми, осигурувајќи се дека овој модел на плаќање е усогласен со деловните практики и политиките за управување со ризик на двете страни. Критериумите за подобност може да вклучуваат, но не се ограничени на историјата на трансакциите на деловниот корисник, кредитната способност и времетраењето на деловниот однос со Airalo.

Преку понудувањето постпејд трансакции, Airalo има за цел да им обезбеди висок степен на флексибилност и доверба кај своите деловни корисници, овозможувајќи им да им дадат приоритет на нивните оперативни барања додека управуваат со плаќањата на начин што одговара на нивните финансиски работни текови.

5. ДОСТАВУВАЊЕ

Крајните корисници ќе ја видат купената eSIM-картичка во делот „Мои eSIM-картички“ на веб-локацијата на Airalo (https://www.airalo.com) и/или на апликацијата Airalo. Клиентот ќе добие е-пошта за потврда по купувањето. Сите информации за инсталирање на eSIM-картичката ќе бидат достапни само на сметката на корисникот на Airalo. 

eSIM-картички на деловните партнери ќе се прикажуваат во рамките на Платформата за партнери, олеснувајќи им го управувањето и распоредувањето на пакетите со eSIM и пакетите за надополнување, според уникатните барања на бизнисот. 

Препознавајќи ги различните потреби на нашите клиенти, Airalo ги доставува своите производи и услуги преку различни методи, во зависност од избраната интеграција и конкретните производи и услуги што се користат.

6. ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ/ОТКАЖУВАЊЕ/ИЗМЕНУВАЊЕ

Клиентот има право да побара враќање на парите или замена на eSIM-картичката ако eSIM-картичката не може да се инсталира и користи поради технички проблем од Airalo.

6.1. РЕФУНДИРАЊА И ОТКАЖУВАЊА

  • 6.1.1. ПОЛИТИКИ И УПАТСТВА

  • 6.1.2. Барањето за враќање на парите може да се поднесе во рок од триесет (30) дена од датумот на купувањето, кога активирањето веќе не е можно, по опсежен заеднички обид за решавање на проблемот.

  • 6.1.3. Потребна е соработка со клиентот за брзо решавање на проблемот за да се одобри рефундирање.
  • 6.1.4. Секој пакет со мобилен интернет има свој период на важност. Нема да ви понудиме рефундирање во каква било форма за преостанатиот мобилен интернет откако ќе истече периодот на важност.
  • 6.1.5. Надомест: нема да се одобри рефундирање или исплата од никаков вид за трошоци од алтернативни телефони, алтернативни SIM-картички, алтернативни даватели на услуги, телефони од хотели или други трошоци што не се директно поврзани со сметката на Airalo за eSIM на клиентот. (Погледнете го делот 7. ОДГОВОРНОСТ И ГАРАНЦИЈА во нашите Одредби и услови)
  • 6.1.6. Измамнички купувања: Airalo го задржува правото да одбие каква било форма на рефундирање доколку има докази за злоупотреба, прекршување на нашите Одредби и услови или некоја измамничка активност поврзана со користењето на производите и услугите на Airalo.
  • 6.1.7. Неовластени купувања: пред обработката на некое рефундирање, случајот ќе биде предмет на истрага и одобрување. Airalo го задржува правото да ја суспендира секоја сметка поврзана со измамнички активности.
  • 6.1.8. Случајни купувања: штом клиентите ја инсталираат eSIM-картичката, ќе се смета за искористена. Нема да се понудат рефундирања.
  • 6.1.9. Погрешни наплати: ако клиентот разумно и со добра волја оспори фактура или дел од неа, клиентот ќе го извести Airalo за таков спор во рок од дванаесет (12) дена од приемот на фактурата, давајќи детали зошто фактурираниот износ е неточен и, ако е можно, колку клиентот смета дека должи. (Видете детали во делот 4.2 НАДОМЕСТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ во Одредбите и условите)
  • 6.1.10. Замени: eSIM-картичките купени исклучиво со Airmoney заработени од ваучери може да се заменат во рок од 30 дена од датумот на купување.
  • 6.1.11. Други причини: ако барањето за рефундирање не е во рамките на горенаведените случаи, ќе го истражиме секое барање поединечно. Ако рефундирањето се одобри, може да се примени надомест за обработка. Клиентот може да се пријави за максимално рефундирање што мора да биде еднакво или помало од вкупниот износ што го платил.

6.1.12. КОРИСТЕЊЕ ДИГИТАЛНИ ВАЛУТИ (AIRMONEY И КРЕДИТИ)

Airmoney и кредитите се дигитални валути што им се достапни на нашите клиенти за купување eSIM-картички и поврзани услуги на платформите на Airalo.

  • 6.1.12.1. Airmoney
    • 6.1.12.1.1. Airmoney е сопствен систем за кредитни награди ексклузивен за крајните корисници на Airalo, којшто доделува поврат на готовина во вид на Airmoney на сметката на Airalo на корисникот.
    • Системот за наградување има различни нивоа, врз основа на купениот износ. Секое ниво обезбедува различни износи за поврат на готовина во вид на Airmoney. Airalo може да ја промени која било карактеристика на Airmoney, вклучително и нивоата на системот за наградување и како е структурирана програмата.
    • 6.1.12.1.2. Клиентите може да заработат Airmoney како награда за купување за платените купувања.
    • 6.1.12.1.3. Клиентите не може да заработат Airmoney ако при купувањето се примени попуст или награда за препорака.
    • 6.1.12.1.4. Клиентите може да плаќаат за нивните купувања само со Airmoney или да ги комбинираат со еден од поддржаните начини на плаќање.
    • 6.1.12.1.5. При комбинирано плаќање, наградата во Airmoney е пропорционална на износот платен преку еден од поддржаните начини на плаќање.
    • 6.1.12.1.6. Постојните Airmoney на сметката на клиентот не може да се претворат во некоја друга форма на кредит.
    • 6.1.12.1.7. Сите купувања направени со помош на Airmoney ќе се кредитираат на сметката на Airalo на клиентот во вид на Airmoney.
    • 6.1.12.1.8. Преносот на Airmoney што се заработени или што треба да се заработат на сметката на клиентот е по сопствена дискреција на Airalo и клиентот нема вродено право да бара такви преноси. Airalo го задржува правото да дозволи или забрани преноси на Airmoney во секое време.
    • 6.1.12.1.9. Airalo го задржува правото да ја ограничи важноста на Airmoney издадени како дел од оваа програма во секое време и од која било причина.
    • 6.1.12.1.10. Airalo го задржува правото да ја одреди публиката за доделување Airmoney.
    • 6.1.12.1.11. Ако се обезбедат Airmoney, клиентот нема право да го избере износот на поврат на готовина што ќе се примени за нив, бидејќи тој се утврдува по дискреција на Airalo.
    • 6.1.12.1.12. Клиентот ќе биде одговорен и обврзан за плаќање, задржување, уплатување, како и за пријавување на сите даноци, такси, увозни давачки, царини, надоместоци и задржувања што може да произлезат од учеството во програмата (вклучувајќи корпоративен/индивидуален данок на доход, ДДВ, даноци на промет и други применливи национални, владини, провинциски, државни, општински или локални даноци или такси и поврзани камати и казни за задоцнето плаќање наметнати од некој орган поради неплаќање, задржување и пријавување).
    • 6.1.12.1.13. Airalo го задржува правото (целосно или делумно) да ја задржи, отфрли, измени, прекине, отповика, откаже или одбие придобивката или користењето на програмата на кој било клиент во секое време и од која било причина (без претходна најава).
    • 6.1.12.1.14. Во секое време, Airalo има право да ги запре и/или прекине своите обврски од овие Одредби и услови сѐ додека не го идентификува и потврди соодветниот клиент или во случај на (наводни) измамнички активности од страна на клиентот или некоја друга злоупотреба на програмата.
  • 6.1.12.2. Кредити на Airalo
    • Конкретен начин на плаќање наменет за деловните корисници на Airalo на Платформата за партнери на Airalo, којшто овозможува купување eSIM-картички, надополнувања и други производи и услуги на Airalo и делува како посредник за рефундирања.
    • 6.1.12.2.1. Кредитите на Airalo се наменети за користење од компаниите преку Платформата за партнери, олеснувајќи ги трансакциите поврзани со услугите на Airalo. Овие кредити не се рефундираат и клиентот не може да си ги врати.
    • 6.1.12.2.2. Неискористените кредити на Airalo што ќе останат на сметката на клиентот во моментот на престанокот на договорот ќе продолжат да се сметаат за сопственост на Airalo. Важно е да се напомене дека овие кредити не се рефундираат автоматски по престанокот на договорот. За да се отпочне рефундирање или да се разговара за можните опции во врска со неискористените кредити, од клиентите се бара да поднесат писмено барање до Airalo.
    • 6.1.12.2.3 На деловните корисници на Airalo им се доделува кредитно ограничување за постпејд трансакции, коешто го означува максимално дозволеното трошење за купување пакети со eSIM и пакети за надополнување. Надминувањето на ова ограничување без последователно плаќање ќе ја ограничи способноста за понатамошни купувања.

Овој дел ги наведува механизмите и политиките со кои се регулира употребата на дигиталните валути на Airalo, Airmoney за крајни корисници и кредити на Airalo за деловни корисници, обезбедувајќи јасност за нивната примена, придобивките и ограничувањата во екосистемот на Airalo.

6.1.13. ПРОЦЕС НА РЕФУНДИРАЊЕ

За да побарате рефундирање, контактирајте со тимот за поддршка на Airalo преку страницата „Контактирајте со нас“ или испратете ни порака на [email protected]. Имајте предвид дека ќе се применува нашата политика за рефундирање погоре. 

Во зависност од природата на проблемот, од клиентите ќе бидат побарани дополнителни информации за да го поддржат нивното барање за рефундирање, како што се слики од екранот на поставките на уредот за технички проблеми или детали зошто фактурираниот износ е неточен и, доколку е можно, колку клиентот смета дека должи итн.

Погледнете го делот 6.1.2 во овој ист документ за рефундирања поврзани со технички проблеми. Клиентите ќе имаат опција рефундирањето да го примат во банката преку нивниот оригинален начин на плаќање или во вид на Airmoney на нивната сметка. (Погледнете го делот 6.1.12.1.6 за купувања со Airmoney) Рефундирање на оригиналниот начин: откако ќе се одобри и издаде рефундирањето, може да поминат до триесет (30) работни дена додека да се појави на изводот во зависност од банката. Airmoney: откако ќе се обработи, Airmoney ќе се уплатат на сметката на клиентот. 

Крајните клиенти што купиле услуги на Airalo преку препродавач не се подобни за директни рефундирања од Airalo. Овие корисници треба да контактираат со деловните корисници на Airalo за барањата за рефундирање. Airalo е посветен на задоволството на клиентите, но мора да ги почитува политиките на нашите партнери за препродажба за трансакциите направени надвор од нашите канали за директна продажба.

6.1.13.1. Рефундирањето на деловните корисници на Airalo за трансакции направени директно со Airalo може да се обработи преку кредити на Airalo или во вид на кредитни белешки. Ова обезбедува флексибилна алтернатива за управување со рефундирањата, овозможувајќи им на клиентите да ги применат овие кредити или белешки за идни купувања или услуги на платформата на Airalo.

6.2. ИЗМЕНУВАЊЕ

Пакетите со eSIM за мобилен интернет од Airalo се нудат како што се и не може да се прават дополнителни измени или приспособувања врз основа на индивидуални барања откако ќе се купат.

7. ОДГОВОРНОСТ И ГАРАНЦИЈА

Airalo не е одговорен за штетите што настануваат поради тоа што предложената услуга не е постојано достапна. Airalo не дава гаранција за постојана достапност на мрежната услуга. За какво било барање, напишете ни е-порака на [email protected].

8. ПРОЦЕС НА РЕЦИКЛИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА eSIM-КАРТИЧКИТЕ

Airalo имплементира процес на рециклирање на eSIM-картичките за да обезбеди оптимално доставување на услугите. По купувањето на eSIM-картичката, клиентите треба да ја активираат во одредена временска рамка, како што е наведено во упатствата за активирање обезбедени за време на процесот на купување. Одговорност на корисникот е да ја активира купената eSIM-картичка во назначената временска рамка. Ако eSIM-картичката не се активира во рамките на овој период, тоа може да доведе до истекување на важноста, што ќе ја направи eSIM-картичката неупотреблива. 

Откако ќе истече, eSIM-картичката не може повторно да се активира и корисникот ќе треба да отпочне ново купување ако сака да добие функционална eSIM-картичка. На корисниците им се препорачува да ги разгледаат и да се придржуваат до дадените упатства за активирање за да си обезбедат непречен процес на активирање на eSIM-картичките.

9. ЦЕНИ И ПРОМОЦИИ

Цените се однесуваат на цената по која Airalo ги нуди своите пакети со eSIM и придружните услуги на клиентите. Airalo може да понуди промотивни цени за своите пакети со eSIM во ограничен период. Овие промоции се предмет на конкретни одредби и услови. Времетраењето на промоцијата, критериумите за подобност и сите поврзани услови ќе бидат јасно соопштени во текот на промотивниот период. По завршувањето на промоцијата, ќе важат редовни цени освен ако не е поинаку наведено. Airalo го задржува правото да ги измени или запре сите промотивни цени, вклучувајќи ги поврзаните одредби и услови, по сопствена дискреција, без претходно известување. Корисниците коишто сакаат дополнителни информации или појаснувања за промотивните цени може да контактираат со тимот за поддршка на Airalo на [email protected].

  • 9.1. Цените за крајните и деловните корисници може да се разликуваат, одразувајќи ги приспособените услуги и понудите базирани на количината што може да бидат достапни за различни категории на корисници.
  • 9.2. Цените се предмет на промена без претходна најава. Airalo континуирано ја прегледува својата стратегија за цени за да ја усогласи со динамиката на пазарот, осигурувајќи дека обезбедуваме квалитетни услуги по конкурентни цени.
  • 9.3. Airalo го задржува правото да ги приспособува цените врз основа на различни фактори, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пазарните услови, девизните курсеви и оперативните трошоци. Таквите приспособувања се прават за да се обезбеди одржливоста на понудените услуги и да се одразат трошоците за доставување висококвалитетни решенија за поврзување на нашите корисници.
  • 9.4. Airalo се обврзува да вложи максимални напори за навремено информирање на клиентите за какви било значајни промени во цените, овозможувајќи им на корисниците да донесуваат информирани одлуки во врска со нивните купувања. Меѓутоа, поради динамичната природа на факторите што влијаат на цената, навременото известување не е секогаш можно.

За крајни корисници: cените наведени на нашата веб-локација важат конкретно за крајните корисници. Ги охрабруваме крајните корисници често да ја посетуваат нашата веб-локација за најактуелните информации за цените и промоциите.

За деловни корисници: деловните корисници треба ги проверуваат посебните платформи и производи создадени за нив за да најдат информации за цените што важат за нивните конкретни потреби. Овој пристап осигурува дека деловните корисници добиваат приспособени информации и стратегии за цени што најдобро одговараат на оперативните барања и обемот на бизнисите. За дополнителни детали или прашања, деловните корисници се охрабруваат и директно да контактираат со нашиот тим за поддршка.

Нашите ценовни и промотивни стратегии се создадени за да им доставиме максимална вредност на нашите корисници, осигурувајќи одржливост и квалитет на услугите што ги обезбедуваме. За најновите информации за цените и промоциите, крајните корисници треба да се консултираат со нашата веб-локација, додека деловните корисници ги упатуваме да ги истражат платформите во сопственост на Airalo наменети за нив или да стапат во контакт со нашиот тим за поддршка.

10. СЛЕДЕЊЕ НА ЛОКАЦИЈАТА НА КОРИСНИКОТ

Airalo може да собира и обработува информации за географската локација на корисниците, вклучувајќи GPS-координати, IP-адреса, пристапни точки за Wi-Fi и детали за мобилните кули, за да понуди услуги базирани на локацијата и да го подобри корисничкото искуство. Со користење на услугите на Airalo, корисниците се согласуваат со ова следење. Целта вклучува обезбедување услуги за конкретната локација, подобрување на квалитетот на услугата и персонализирање на искуствата. Информациите за локацијата може да се споделат со даватели на услуги од трети страни, коишто се обврзани да постапуваат со податоците во согласност со законите за приватност. Корисниците може да ги контролираат услугите за локација преку поставките на уредот, но може да се соочат со ограничувања во одредени функции. Airalo користи безбедносни мерки, ги задржува податоците за потребните периоди и се придржува до важечките закони за заштита на податоците. Овој дел може да се промени за да ги одрази промените, а корисниците може да контактираат со [email protected] за прашања или загриженост за практиките за следење локација.

РАЗНО

Оригиналната англиска верзија на овие Одредби и услови можеби е преведена на други јазици. Преведената верзија на овие Одредби и услови ја обезбедуваме заради љубезност, но таа не претставува овластен судски превод и клиентите не може да остварат никакви права од неа. Во случај на спор околу содржината или толкувањето на овие Одредби и услови или во случај на судир, двосмисленост, недоследност или несовпаѓање помеѓу англиската верзија и некоја друга јазична верзија на овие Одредби и услови, верзијата на англиски јазик ќе се применува и преовладува и ќе биде конечна и обврзувачка. Во правните постапки ќе се користи англиската верзија. Ако некоја одредба од овие Одредби или услови е или стане неважечка, неприменлива или необврзувачка, ќе останете обврзани со сите други одредби наведени овде. Во таков случај, таквата неважечка одредба сепак ќе биде спроведена до максималниот степен дозволен со важечкиот закон, а секоја страна ќе се согласи да прифати исход што е барем сличен на неважечката, неприменливата или необврзувачката одредба, во согласност со содржината и целта на овие Одредби и услови.

Дали сте спремни да ги пробате eSIM-картичките и да го промените начинот на кој останувате поврзани?

Преземете ја апликацијата Airalo за да купувате eSIM-картички, да управувате со нив и да ги надополнувате секогаш и секаде!

Airalo | Download mobile app
Airalo | Use your Free Credit

Искористете го бесплатниот кредит.

Може да заработите USD $3.00 Airmoney ако го споделите кодот за препорака со пријателите.